Повторно се одложи судењето за „Титаник“, уште еден од обвинетите бил опериран

by fokus

Денешното рочиште за случајот „Титаник“ се одложи, бидејќи еден од обвинетите Леко Ристоски имал операција. Неговиот адвокат уште пред пет дена до Кривичниот суд доставил медицинска документација.

За овој случај не се оддржа ниту претходното рочиште кое беше закажано за 13 мај, бидејќи и тогаш еден од обвинетите, Едмонд темелко не се појави во судница, бидејќи исто така имал операција.

Следното рочиште е закажано за 31 мај.

Во „Титаник“, обвинети се дваесетина, меѓу кои и екс премиерот и бегалец Никола Груевски, екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, како и Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски и уште неколкумина.
Според обвинението на СЈО обвинетите се гонат за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

 

Поврзани новости