Адвокатската комора го добила известувањето од Кривичниот суд во врска со адвокатот Јовица Страшевски и сите документи ќе ги проследи до дисциплинската комисија на комората која треба да оцени дали адвокатот направил повреди.
Во продожение целосното соопштение од комората:
На ден 09.01.2020 година, Адвокатската комора на Република Северна Македонија доби писмено известување од Основниот кривичен суд Скопје во врска со наводни притисоци од страна на адвокат во предмет познат во јавноста како „ТНТ“.
Исто така на ден 09.01.2020 година Адвокатската комора прими Барање од Судот со прилог Известување на адвокатот Јовица Страшевски од Скопје за негово заминување на годишен одмор во периодот од 08.01.2020 до 17.01.2020 за кое судот смета дека е насочено исклучиво кон одолговлекување и опструирање на кривичната постапка и за кое бара од Комората да преземе конкретни дејствија за негово санкционирање.
Адвокатската комора на РСМ по прибирање на сите докази, заради утврдување на фактичката состојба, истото ќе ги проследи до дисциплинските органи на Комората кои се надлежни за утврдување на евентуална повреда сторена од адвокат.