Полицијата синоќа влегла во магацин на невладината организација “Сите заедно можеме”, во Струмица, каде што се спремаат пакети со храна за семејства од социјални ранливите категории, а донатори се семејството Заеви.
Александар Марковски, од невладината организација, за МИА посочил дека полицијата барала документи за потеклото на стоката, а тие појасниле дека се кај донаторите, односно кај сенејството Заеви.
-Тастарот на Мицкоски и вмро-дпмне, Наќе сјајниот Чулев вчера организираше полициска хајка врз млади деца волонтери кои помагаат во овие тешки моменти.
Ова почитувани граѓани е олицетворение на Груевски и бившиот негов режим, Струмица и струмичани добро го знаат тоа.
Наскоро се ќе заврши и конечно се ќе си дојде на свое, да не дозволиме такво зло да ни се повтори.
Сега сме посплотени од било кога, посилни од било кога и ќе ве поразиме толку силно што лавот од логото ќе ви избега.
Срам и штета сте за државата!, напиша Коста Костадинов, портпарол на СДСМ.
“Фокус ” за случајот побара официјална информација од МВР, од каде што се уште немаме одговор.