Маж на 77-годишна возраст од Бугарија починал додека чекал да купи масло за јадење во супермаркет во Бугарија, пренесува бугарската телевизија „Нова“.
На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од големи гужви, турканици и тепачки во многу продавници ширум оваа земја, поради голем број граѓани кои побрзале да ја искористат промоцијата од 2,99 лева за шише масло.
„Човекот почина во продавницата. Тој беше турнат и му се слоши. Беше лудо. Луѓето велеа дека паднал, помодрел и умрел. Редот беше огромен“, раскажала една од купувачите и очевидец на трагичниот настан кога починал 77-годишниот маж за „Нова“.
Редoви за масло за јадење има и во другите бугарски градови, а некои продавници во главниот град веќе вовеле и ограничување на количините на масло за јадење кои се за продажба, бидејќи го складираат во своите магацини.