134
Претседателот Стево Пендаровски вчера доставил порака до кабинетот на турскиот колега Реџап Таип Ердоган за екстрадиција на Љупчо Палевски, осомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски.
Од кабинетот на Пендаровски не соопштуваат повеќе детали за содржината на пораката.
Оваа порака следува откако Пендаровски во интервју порача дека ќе се обрати до Ердоган за брза и ефикасна екстрадиција на Палевски.