888
Обвинителот Трајче Поливанов ќе биде привремен шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, откако неодамна шефицата Вилма Русковска беше суспендирана.
Оваа одлука денеска беше донесена на седница на Советот на јавните обвинители, по предлог на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Истата пак ќе важи се до изборот на нов шеф на организиран, бидејќи мандатот на Русковска истекува во ноември. Тогаш ќе треба да биде распишан оглас, а изборот за прв пат ќе се врши преку гласање на сите обвинители.
Обвинителот Пеливанов беше и дел од тимот на СЈО.
В.В.