Општина Аеродрoм: ВМРО-ДПМНЕ лаже, новите објекти се во согласност со урбанистичките планови

by fokus

Дејан Митевски и ВМРО-ДПМНЕ лажат и со тоа уште еднаш ја докажуваат безидејноста на новото партиско раководство, реагираат денеска од општина Аеродром по денешните обвинувањ дека во скопската општина тајно се предвидува изградба на 4 нови станбени блокови со површина од над 90.000 м2 површина.

Од општина Аеродром истакнаа дека ВМРО-ДПМНЕ пласира лаги и неосновани сомневања, притоа користејќи вокабулар кој, како што велат, не доликува на најголемата опозициска партија.

„Новиот ДУП, кој е сега усогласен со актуелниот ГУП, ќе овозможи замена на старите со модерни деловно – станбени објекти и соодветно уредување на просторот, односно изградба на нови улици и зелени површини. Инаку, согласноста од Министерството за транспорт и врски пристигна во Општина Аеродром непосредно пред одржување на 10-та седница на Советот. Според закон, градоначалникот е обврзан во рок од 3 дена од пристигнување на оваа согласност, односно на првата следна седница на Советот на општината, да го стави на гласање секој ДУП за кој е добиена оваа согласност“, велат од општина Аеродром.

 

Поврзани новости