Одложена јавната расправа за случајот „Фаланга 2“ во Апелација

by fokus

Јавната расправа за судскиот случај „Фаланга 2“, што денеска требаше да се одржи во Апелациониот суд се одложи, бидејќи од притвор не беше донесен првообвинетиот Илчо Бојчевски, кој е во притвор во затворот во Куманово, а немаше уредна достава и за уште еден од обвинетите, кој сменил место на живеење.

Јавната расправа се одложи за 3 септември, кога неправосилно осудените заедно со своите обвинители треба да ги образложат жалбите пред второстепениот суд. Овој суд, потоа ќе треба да одлучи дали ќе ја потврди првостепената пресуда, ќе ја укиние и ќе го врати случајот на повторно судење, или ќе донесе нова пресуда.

Со првостепената пресуда, минатото лето, на затворска казна од седум и пол години беше осуден поранешниот раководител на Одделението за превенција при Управата за заштита на културно наследство Илчо Бојчевски, за делата: „злосторничко здржување“, „злоупотреба на службената положба“,  „тешка кражба“ и „прикривање“. Останатите обвинети кои се товарат дека биле дел од злосторничката група која се занимавала со трговија на артефакти добија меѓу три и пол и шест и пол години затвор. Ексдиректорот на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман, кој е меѓу последните обвинети, доби три години затвор за злоупотреба на службената положба. За четворица обвинети беа изречени условни казни. Кузман денес не се појави во судница, но неговото присуство е незадолжително.

Судењето стартуваше пред една година, на 9 август 2013 година. Најгласен во текот на судскиот процес беше поранешниот раководител на Одделението за превенција при Управата за заштита на културно наследство, Бојчевски, кој негира дека тргувал со археолошки предмети. Бојчевски во своја одбраната тврдеше дека е жртва на лажен сведок и мета на одмазда на финансиски моќници токму поради тоа што успешно се справувал со нелегалната трговија со артефакти

Поврзани новости