Од корона вирусот почина 17-годишно девојче од Демир Хисар

by fokus

Утрово на Инфективната клиника починало 17-годишно девојче, заразено со Ковид-19. Информацијата за „Фокус“ ја потврдија од министерството за здравство.

-Министерството за здравство со голема жалост информира, дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби утрово почина 17 годишна пациентка од село Сопотиница, Демир Хисар. Младата пациентка имала хронично заболување јувенилен Diabetes Melitus Tipe 1 и не била вакцинирана. Тегобите кај пациентката биле 9 дена пред да биде примена на Инфективната клиника во Скопје, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму појаснуваат дека девојчето пред 10 дена побарало лекарска помош.

-Според лекарските извештаи, на 18 октомври, младата пацинетка за првпат побарала лекарски преглед во КБ Битола. Пациентката била донесена во болница со ниска сатурација, ТТ 40С, отежнато дишење и болки во телото и мускулите. Овие симптоми пациентката ги имала неколку дена пред да побара лекарска помош во болницата во Битола. Лекар ја прегледал во пнеумофизиологија – амбуланта за суспектни пациенти со Ковид, тестирана е за Ковид 19 и истот ден е добиен резултат – Ковид позитивна. Поради сериозност на состојбата задржана е во болница и поставена на перманентна кислородна поддршка.

За пациентката, поради тежината на состојбата, возраста и коморбидитетите, веднаш е организиран транспорт на КИБФС во Скопје. На 19.10 пациентката со возило на Итна Помош е донесена на Клиниката во многу тешка состојба. За време на транспортот е на постојана кислородна поддршка под надзор на медицински тим во возилото. Пациентката е примена во единица за интензивна нега на КИБФС и почнат е интензивен третмант по протокол за лекување пациент со тешка Ковид 19 инфекција. Во тек на престојот следи прогресивно влошување на состојбата со влошување на лабораториските, биохемиски анализи, рентгенграфски наод и клиничка слика. Пациентката е мултидисциплинарно лекувана поради развиените компликации, појаснуваат од министерството.

Состојбата на девојчето сериозно се влошила во текот на вчерашниот ден.

-Во текот на вчерашниот дена драматично се влошиле виталните параметри на пациентката, што довело до срцево белодробно попуштање. И покрај сите превземени дијагностички, тераписки и реанимациони мерки пациентката денеска во раните утрински часови почина, велат од министерството.

Поврзани новости