Од денеска стапуваат во сила новите мерки против Ковид-19 на територијата на Бугарија, откако случаите на заразени лица повторно почнаа да растат. Во земјата има 1.371 нови случаи на коронавирус со извршени 20.952 тестови, што значи дека 6,5 проценти од земените примероци се позитивни.
Согласно новите мерки се ограничува капацитетот на ресторани, спортски сали, настани, лични прослави и детски центри на 50 отсто. Објектите ќе користат 100 отсто од нивниот капацитет доколку персоналот и клиентите се вакцинирани, прележале коронавирус или достават негативен ПЦР тест не постар од 72 часа пред да влезат во објектот.
Раководителите на сите администрации мора да организираат работа на далечина за најмалку половина од персоналот и да постават флексибилно работно време и почеток на работниот ден помеѓу 7.30 и 10.00 часот, пренесува БГНЕС.
Министерството за здравство верува дека на овој начин значително ќе се намали протокот на патници во градскиот и меѓуградскиот превоз низ целата земја, што го олеснува и почитувањето на анти-епидемиските мерки и спроведувањето на ефикасна здравствена контрола.
Во приватните компании, доколку е можно, тие исто така треба да обезбедат можност за работа од далечнина за 50 отсто од нивниот персонал. Ова правило важеше и досега.