По вчерашното убиство во Тетово, од Обвинителството информираат дека се прибира доказен материјал, односно снимки од видеонадзор.
-Извршен увид на лице место. Јавен обвинител ги издава сите потребни наредби, меѓу кои наредба за обдукција и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор. Возилото и други траги се подигнати за вештачење. МВР постапува за откривање на сторител, велат од Обвинителството.
Жртвата е маж со иницијали Р. Т. на околу 40-годишна возраст.
„Во 20.35 ч. во СВР Тетово е пријавено дека на ул. ‘Штипска’ едно лице кое било со возило ‘мерцедес’ пукало кон возило ‘бмв’ во кое било лицето со иницијали Р. Т., кое од добиените повреди починало. Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот“, информираат од МВР.
Според дел од медиумите на албански јазик, станува збор за продолжение на пресметката меѓу две семејства која започна по едно судско рочиште, а кулминираше кај болницата во Тетово.