Обвинение за син и татко кои ја тепаа поранешната сопруга и снаа во суд

by fokus

Основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе обвинителен предлог против татко и син кои се сомничат за кривично дело „насилство“.

– Двајцата соизвршители, син и татко на возраст од 30 и 54 години, наведеното дело го сториле на 20 април, во чекалница пред судница на гостиварскиот суд. Тие физички ја нападнале поранешната вонбрачна сопруга на првообвинетиот и нејзиниот татко, удирајќи ги со тупаници и клоци по главата и телото и нанесувајќи им телесни повреди. Во исто време, обвинетите со своето однесување предизвикале чувство на вознемиреност и страв и кај другите присутни, се вели во соопштението од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Против синот, кој е полициски службеник, доставен е и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, а за неговиот татко на сила се определените мерки на претпазливост.​​

Поврзани новости