Новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола патува од Турција кон Македонија

by Fokus

Новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола е на пат од Солун кон граничниот премин Меџитлија. Трансформаторот се изработуваше во фабриката Астор во Турција и се очекува на 22 ноември да биде во РЕК Битола, соопшти АД ЕСМ.

Трансформаторот е тежок 240 тони и од Турција се пренесува со специјална композиција, преку копно низ Турција, бродски до солунското пристаниште и од таму повторно по копно се движи кон крајната дестинација – РЕК Битола.

За композицијата долга 60 метри преземени се специјални услови за движење, зајакнување на патната инфраструктура на одредени делови на трасата, посебна сообраќајна регулација и управување со мала брзина.

Откако трансформаторот ќе пристигне во РЕК Битола, ќе бидат потребни 10-тина дена за негова монтажа и ставање во погон, наведуваат од АД ЕСМ.

Поврзани новости