Уште 8 починати од Ковид-19, на возраст од 47 до 78 години

by fokus

Во изминатите 24 часа се регистрирани 136 нови заразени со корона вирусот, но регистрирани се и 8 починати.

-Починати се 8 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.

Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 57 годишен пациент од Велес.

Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје пациент (56г) примен на 11 јуни и пациентка (68г) примена на 13 јуни. Починаа две лица од Куманово, пациентка (47г) примена на 12 јуни и пациентка (59г) примена на 14 јуни.

Починаа две лица од Тетово, пациент (78г) примен вчера и пациентка од (47г), хоспитализирана на 22 јуни. Во ОБ Битола почина пациент од Кичево (61г) хоспитализиран на 21 јуни, велат од Министерството за здравство.

Вкупниот број на починати се искачи на 259.

Поврзани новости