Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.297 тестирања, а регистрирани се 131 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-34, Куманово-20, Штип-5, Прилеп-8, Струга-3, Велес-1, Битола-2, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-12, Гевгелија-4, Струмица-2, Радовиш-1, Кочани-3, Македонски Брод-1, Берово-6, Валандово-1, Виница-6, Делчево-10,Кратово-1, Свети Николе-5.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 81 оздравен пациент од: Скопје-27, Дебар-1, Штип-10, Тетово-11, Струга-5, Битола-1, Гостивар-9, Струмица-5, Радовиш-1, Кочани-1, Виница-4, Делчево-3, Кичево-3.
Починати се 6 лица, еден пациент од Охрид (56г), двајца пациенти од Скопје (63г и 80г), двајца од Прилеп (78г и 54г) и еден пациент од Штип (82г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14293, бројката на оздравени пациенти е 11014, на починати е 596, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2683. Денеска се евидентира еден контролен тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5895, активни 856
• Куманово 1468, активни 377
• Дебар 252, активни 84
• Штип 1134, активни 169
• Прилеп 455, активни 107
• Тетово 1208, активни 164
• Струга 560, активни 59
• Велес 270, активни 31
• Битола 203, активни 40
• Охрид 337, активни 34
• Кавадарци 182, активни 80
• Гостивар 779, активни 233
• Гевгелија 49, активни 28 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 65, активни 21
• Крива Паланка 46, активни 17
• Радовиш 42, активни 6
• Крушево 16, активни 0
• Кочани 143, активни 29
• Пробиштип 80, активни 15
• Демир Хисар 60, активни 16
• Македонски Брод 71, активни 18
• Пехчево 18, активни 12
• Берово 57, активни 48
• Валандово 9, активни 2
• Виница 70, активни 38
• Делчево 59, активни 50 (11 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 18, активни 3
• Свети Николе 287, активни 63
• Кичево 269, активни 70
• Ресен 146, активни 0
• Неготино 45, активни 13 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1297 теста се преку: ИЈЗ- 654, ЦЈЗ Скопје-6, Авицена-162, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-195, Систина со PCR метода -160, лабораторија Лаор –70, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-35, Инфективна клиника-7, ГАК-8, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 147.002 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примен е 1 пациент. Вкупно се хоспитализирани 73 пациенти. На кислородна поддршка се 45, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 позитивни деца, 4 мајки и 4 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 10, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 111, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 110
• Гази Баба – 103
• Аеродром – 108
• Карпош – 88
• Центар – 80
• Кисела Вода – 100
• Ѓорче Петров – 55
• Бутел – 66
• Шуто Оризари – 32
• Студеничани – 25
• Сарај – 25
• Арачиново – 15
• Илинден – 13
• Сопиште – 7
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 10
• Зелениково – 3
• Странец – 10
• Нераспределен – 2