Се очекува нов оглас за избор на директор на Академија за судии и јавни обвинители

by Fokus 15:40
15:40

По пропаднатиот обид од август, се очекува Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители да распише нов оглас за директор.

Тогаш директор не беше избран бидејќи и двете кандидатки, актуелната директорка Наташа Габер – Дамјановска и судијката од Кривичниот суд Оља Ристова не го добија потребниот број на гласови. Габер – Дамјановска, чиј мандат завршува на крајот од октомври, потврди дека пак ќе се кандидира за позицијата без да го коментира претходното гласање на членовите на Управниот одбор.

-Јас лично сметам дека за време на мојот четиригодишен мандат дадов многу и резултати во Академијата има големи. Зошто и како Управниот одбор не даде поддршка минатиот пат, мислам дека тоа е прашање кое треба ним да им го упатите а не мене. Јас имав што да покажам како завршени работни задачи како остварувања, а тие се тие кои треба да кажат зошто е таков нивниот став.изјави – Наташа Габер Дамјановска – Директор на АСЈО Павел Шатев.

Дали ќе се пријави повторно и судијката Оља Ристова, ќе одлучи доколку има нов оглас. За Канал 5 вели дека како поранешен член на УО е на став дека Академијата не е транспарентна. Постапката за избор на директор сугерира да биде поотворена а да се избере најдобриот кандидат смета дека е невозможно бидејќи најмалку 300 судии и јавни обвинители ги исполнуваат сегашните критериуми.

-Сметам дека се потребни се законски измени според кои кандидатот ќе може да достави четири годишна програма за работа на Академијата која ќе ја содржи неговата визија и мисија, да ги детектира тековните проблеми и да даде идејно решение за нивно решавање, како и за унапредување на работата на Академијата согласно современите текови, кандидатот да ги докаже своите менаџерски способности да достави најмалку три препораки за својата работа и со кандидатот да биде спроведено интервју од страна на УО.-Оља Ристова – Судија во Основен Кривичен суд Скопје.

Завршената академија е еден од главните услови за да се стане судија или јавен обвинител во земјава. Кон крајот на годината се очекува последната генерација од околу 60 кандидати да пополнат дел од празните места во судовите и обвинителствата, а досега најбројните генерации да ги завршат обуките за две години.

 

Поврзани новости