Советот на јавни обвинители денеска ја разгледува оставката на Наташа Крстевска Цалева од позицијата раководител на Вишо обвинителство Скопје

by Fokus

По само седум дена откако беше избрана, Советот на јавните обвинители на Македонија денеска ќе треба да ја разгледа и констатира оставката на обвинителката Наташа Крстевска Цалева.

Таа на 10 февруари на предлог на државниот обвинител Љупчо Коцевски беше избрана за раководител на Вишото јавно обвинителство во Скопје, по суспензијата на обвинителот Мустафа Хајрулахи.

Изборот на Крстевска-Цалева беше проследен со различни коментари.

Владата тврди дека ова е незаконско.

Таа не ги издржа критиките и поднесе оставка.

Коцевски поведе дисциплинска и поведе постапка против досега првиот човек на ова обвинителство, Мустафа Хајрулахи, заради наводен мобинг кон свои колеги.

Хајрулахи во јавни настапи тврди дека е жртва на притисок. Оддалечен од функцијата, на предлог на Коцевски е и досегашниот заменик Јове Цветановски.

Поврзани новости