Напаѓачот во Сиднеј го убила полицајка која ја нападнал со нож

by fokus

Помошникот на полицискиот комесар во Сиднеј, Ентони Кук, потврди дека во нападот во трговскиот центар во тој град загинале шест лица, вклучувајќи го и напаѓачот.

Кук потврди дека напаѓачот бил убиен од локална полицајка, која била сама.

-Таа се соочи со престапникот кој ја помина оваа фаза на петто ниво (од трговскиот центар) додека продолжи брзо да оди зад него за да го стигне. Се сврте, се соочи со неа, го крена ножот. Таа пукала од огненото оружје и напаѓачот сега е мртов“.

Кук истакна дека напаѓачот бил во трговскиот центар, а потоа заминал, а потоа се вратил и почнал по случаен избор да боде луѓе.

Тој посочува дека не е познат мотивот за злосторството. На прашањето дали полицијата ја исклучува можноста за тероризам, Кук нагласи дека „не исклучуваме ништо“.

Според луѓето кои биле на местото на настанот во моментот на нападот, напаѓачот носел сечило или голем нож и почнал по случаен избор да ги боде луѓето. Посетителите на трговскиот центар почнале да бегаат, а продавачите ги внесувале во продавниците и ги заклучувале, а потоа преку споредните излези ги изнесувале на улица.

Потсетуваме, околу 16:00 часот по локално време, маса луѓе панично почнаа да бегаат од трговскиот центар откако слушнаа дојава за пукање и прободување. Полицијата потоа накратко изјави дека е во тек операција и дека е застрелан маж. Неговата состојба е непозната.

Поврзани новости