585
Повеќе од десет возила и над 25 пожарникари интервенирале во гасење на пожар кој го зафатил магацинскиот дел на фабрика за канабис во Дебриште, кавадаречко.
Во акцијата биле вклучени ТППЕ Кавадарци, ЈП Комуналец Кавадарци и Еуроникел, информира градоначалникот Митко Јанчев.
Пожарот бил ставен под контрола и бил спасен поголемиот дел од објектот. Повеќе информации за причината на пожарот и предизвиканата штета се очекуваат наскоро.
Вики Клинчарова