84
Во голема акција во Албанија се уапсени повеќе од 200 луѓе осомничени дека учествувале во производство и продажба на дрога.
Акцијата е изведена во текот на ноќта на територијата на цела Албанија, а издадени се повеќе од 300 налози за апсење, пренесува Јуроњуз Албанија.
Како што е наведено, вршени се контроли на возила, станови и други простори во Корча и Малич.
Полицијата сè уште не се огласила околу големата акција, наведува Јуроњуз Албанија.