На Скопскиот аеродром пристигнаа првите вакцини на АстраЗенека

by fokus

Првата пратка со вакцини „АстраЗенека“ за државава преку Ковакс механизмот пристигна изутринава пред осум часот на Меѓународниот аеродром Скопје.

Најавени се обраќања на министерот за здравство Венко Филипче и делегација со членови на дипломатскиот кор во РСМ, преставници на СЗО, УНИЦЕФ и регионалната канцеларија на ОН.

Со 24.000 вакцини „Астра зенека“ се очекува в среда да почне масовната имунизација на населението во државава. Со нив ќе бидат опфатени лицата над 75 години.

Поврзани новости