На казни затвор од 10,6 до 13,6 години осудени обвинетите за обидот за убиство на Села

by fokus

Виновни се, рече судијката Славица Андреевска и на затворски казни од 10,6 до 13,6 години, ги осуди седумината обвинети за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села.

Според пресудата, која денеска беше соопштена во Кривичниот суд, обвинетиот Кире Георгиевски е осуден на 13 години, а истат казна доби и Александар Јаневски Тошта. А половина месец повеќе, односно најголема казна од 13,6 години доби  Никола Војминовски. По десет години и шест месеци добија Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов.

Според кривичното дело за кое се гонеа, на обвинетите им се закануваа затворски казни од 5 до 20 години.

-Обвинетите со умисла се обиделе од живот да го лишат пратеникот Зијадин Села, рече судијката Андреевска, опишувајќи ја улогата на секој од обвинетите, односно кој го извлекол Села од кругот на останатите пратеници, како и тоа кој го газел и удирал по главата и телото.

Обвинетите смирено ја ислушаа судијката, а само тивко издишување се слушаше од нивните најблиски роднини, кои беа во судница.

Обвинителот Дарко Јакимовски побара обвинетите да останат во притвор, од кои двајца, Војминовски и Јаневски се во куќен притвор.

По кратко советување судијката донесе одлука дека се прифаќа барањето на обвинителот и обвинетите остануваат во притвор. Таа им порача на обвинетите дека имаат право на жалба за притворот но и за пресудата до Апелациониот суд.

По признанието на вина, за истото дело, неодамна на обвинетиот на обвинетиот Стојан Павлевски му беше изречени казна затвор од три години, а на Цејо Георгиевски една година и два месеци. Во казната на обвинетите им се пресметува и времето поминато во притвор. Павлевски и Георгиевски треба да ги намират сите трошоци.

Првично во овој случај беа обвинети десетмина, но обвинителот Дарко Јакимовски пред завршните зборови го повлече обвинението против Сашо Сенков, за кого обвинителот посочи дека нема доволно докази оти го сторил делото.

В.В.

Поврзани новости