723
На 22 август во судница ќе одекнат „бомби“ за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро, во 2012 година.
Неделникот „Фокус“ веќе објави дека „бомби“ во кои се споменува убиството се 38.000 на број, но останува неизвесно колку од нив се важни за случајот, односно колку ќе одекнат во судница.
Во 2015 година, поранешниот лидер на опозицијата, сега премиерот Зоран Заев, по објавувањето на прислушуваните материјали, вети објавување на таканаречените бомби за случајот Монструм, но тоа досега не се случи.