МВР: Во 16 училишта во Скопје и едно во Прилеп стигнала закана за поставени бомби

by fokus

Од МВР информираат дека утринава биле добиени пријави од 16 училишта во Скопје и од едно училиште во Прилеп за закани за поставени бомби.

-Денеска до 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

Поврзани новости