Денеска сум овде во тетовско, бев претходно заедно со пратеникот Александар Велјановски во Нераште да изразиме сочувство и да поразговараме луѓето кои што беа сведоци практично на оној немил настан кој што се случи овде во модуларната болница, оној пожарот кој што однесе 14 човечки животи, бевме во семејството на една од тие жртви, изјави Христијан Мицкоски по денешната посета во тетовско.
-Луѓето се уште го преживуваат тој хорор кој што се случи тој ден. Разговарав со двајцата синови на мајката која што е жртва на тие настани. Дел од тоа што го преживеа, пренесоа и навистина можам да изразам големо жалење, затоа што тоа што го слушнав е навистина траорно и трагично и болно.
Она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ можеме да го ветиме и да се обврземе и јас како човек е дека оваа работа, порано или подоцна ќе ја истуркаме до крај и виновниците мора за ова да сносат одговорност, без разлика дали таа е функционална или морална.
Во Македонија се случуваат пречесто пожари, пречесто се случуваат порази кои што сега чинат и човечки животи. Ако не се понесе одговорност, ако нема веднаш оставки барем од тие кои што се надлежни и ресорни во овој случај, а тоа е министерот за здравство, ако немаме независна истрага, ако немаме истрага која што ќе даде одговор на многу прашања кои што јавно ги поставив, а тоа е како може објектот да нема против пожарна заштита, како може да нема давачи кои што ќе го мерат количеството на кислород во една просторија, како може да нема дозвола за употреба, а објектот да биде во употреба, и уште многу прашања кои што ги поставив, а за кои за жал се уште нема одговори.
Затоа, апелирам за малку совест, за малку морално ниво, тие кои што се најодговорни да понесат веднаш одговорност за да не ни се повтори ова, а потоа преку една независна и темелна истрага да ги констатираме вистинските виновници, кои што ќе понесат и институционална одговорност, изјави Мицкоски.