Министерството за правда во наредниот период ќе испрати нови барања за екстрадиција на сторители на кривични дела, за кои има нови околности или обвиненија.
-Ќе укажеме на сите нови околности за да се обидеме да ги донесме оние кои се обиделе да избегаат или избегале од правдата, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање по денешната средба со новинари.
На прашањето за екстрадиција на лицата обвинети во „Монструм“, министерот Маричиќ истакна дека неодамна разговарал со косовскиот министер за правда, но не станало збор за конкретни случаи. Тие се договориле набрзо да имаат средба на која ќе бидат отворени сите прашања.
-Мислам дека постапката за случајот „Монструм“ во наредниот период ќе има некаква разрешница, барем така најавија и од обвинтелството и судовите. Верувам дека тоа ќе биде завршено во најкус можен рок. Јас како министер за правда сум подготвен повторно да ги поднесеме барањата и во Будимпешта и во Косово и секаде каде имаме луѓе кои избегале во претходниот период, рече министерот за правда Маричиќ.