609
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Фејсбук го искоментира однесувањето на владејачкото мнозинство кое не успеа да се договори за формирање на неколку собраниски комисии, меѓу кои и онаа за европски прашања.
-Но,она што е поважно е што власта прави обид противуставно да протне „он лајн“ Собрание , под изговор заради короната. Вистинската причина е тенкото парламентарно мнозинство и фактот што неколкумина пратеници се навикнати да не доаѓаат во Собранието на седници, напиша тој.