Мијалков си ја ,,откупил” куќата на Водно, ама ќе остане без 25 стана и друг имот вреден милиони евра

by fokus

Поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, ќе ја задржи својата куќа на Водно, но ќе остане без 25 стана и друг имот, вреден 30-тина милиони евра.

Поточно, како што дознава ,,Фокус”, тој со кешот од 6 милиони евра, кој веќе го уплатил на сметка на државата, всушност ја ,,откупува” или плаќа конфискуваната куќа на Водно, како и уделот во хотелот ,,Мериот”.

Ова следува по неговата денешна спогодба за случајот ,,Империја”, во која призна вина и се согласи да лежи 3 години затвор, да плати 6 милиони евра во кеш и 30-тина милиони евра во имот.

Неодамна, по завршување на истрагата од Обвинителството информираа точно кој имот е запленет.

– удел на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје што го поседува во правното лице Хотел Гранд М ДООЕЛ Скопје

– удел на физичко лице од 67,5% што го поседува во правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје

– удел – основачки влог од 32,5% што го поседува правното лице – Друштвото за градежништво, трговија и услуги БЕСТ ВЕЈ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје во правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје;

– недвижен имот евидентиран на правното лице – Друштво за трговија и услуги БИЗНИС ПРОПЕРТИ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје во вредност од 58.282.500,00 денари согласно книговодствената вредност и тоа апартмани со вкупна површина од 720 м2 и гаражи со вкупна површина од 92 м2.

– хартии од вредност (7213 акции) што правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ЕКСИКО ДООЕЛ Скопје, ги поседува во Стопанска Банка А.Д. Битола по номинална вредност од 3.000,00 денари по акција или во вкупна вредност од 21.639.000,00 денари и

– недвижниот имот – деловен простор во градба лоциран на Плоштад Македонија и евидентиран во лист за предбележување издаден на носителот на правото на сопственост Друштво за производство, трговија и услуги СИС ИНВЕСТ ГРУП ДООЕЛ Скопје во површина од 566,41 м2 во вредност од 1.699.241 евра.

Случајот го отвори поранешното СЈО, а го водеше обвинителката Лиле Стефанова.

В.В.

Поврзани новости