Мијалков останува во “Шутка” до правосилноста на пресудата за „Трезор“

by fokus

По објавата на пресудата за случајот „Трезор“, со која Сашо Мијалков денеска беше осуден на 8 години затвор, судот му одреди и мерка притвор на поранешниот директор на УБК, се до правосилноста на пресудата. Ова одлука следеше по предлог на јавниот обвинител Трајче Пеливанов, кој истакна дека постои опасност од бегство. На обвинетиот Небојша Стајковиќ, пак, му одреди мерка куќен притвор.

Застапниците на обвинението за случајот „Трезор”, по објавување на пресудата денеска побараа на обвинетите Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ и да им се изрече мерката притвор до правосилност на пресудата.

– Имајќи ја предвид казната од осум години и дека Сашо Мијалков е исклучителен моќен човек, како и неправосилната пресудата во случајот „Тврдина-Таргет”, предлагаме да се одреди мерката притвор за овој предмет. Причните се дека постои можност за бегство, рече обвинителот Трајче Пеливанов, кој воедно предложи мерката притвор за случајот ,,Тврдина-Таргет”, да се укине.

Одбраната на обвинетите, по предлогот на јавните обвинители, наведе дека тие се убедини дека овој предмет во Апелациониот суд ќе добие ослободителна пресуда. Адвокатот Лупчо Шврговски, посочи дека не постои опасност од бегство и дека ваквото барање е неосновано.

Поврзани новости