Kавадарчанка била удрена со автомобил, а потоа возачот и физички ја нападнал

by fokus

Кавадарчанка синоќа пријавила во полициска станица дека била удрена од автомобил „голф“ со скопски таблички по што возачот застанал и физички ја нападнал.

Случајот е пријавен во полиција околу 22:30 часот, а според кавадарчанката, инцидентот се случил на улицата „Ваташа“.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека се работи на расчитување на случајот.

Поврзани новости