959
Дамјан Манчевски, досегашниот министер за информатичко општество и администрација, одговарајќи на новинарско прашање посочи дека вработените во државна администрација, кои седеа дома а земаа плата, ќе бидат распределени на работни места.
-Согласно со коалицискиот договор за новата Влада е договорен конкретен краток временски период од само неколку месеци во кои би се затворило ова прашање. Сите нераспределни лица да тргнат на работа, а доколку некој одбива тоа да го направи договорите ќе бидат прекинати, појасни Манчевски.
Тој е избран за пратеник во новиот сосбраниски состав, а министерската функција во МИОА според предлогот за состав на новата Влада треба да ја врши Јетон Шаќири, кадар на ДУИ.