Манчевски нов генерален секретар на Владата на местото на Рашковски?

by fokus

Досегашниот министер за инфорамтичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој сега е пратеник, можно е да добие нова функција,односно генерален секретар на Владата, објави ТВ 21, повикувајќи се на неофицијални извори.

Во смс-порака до ТВ 21, Манчевски ниту ја потврдил, ниту ја демантирал информацијата, посочувајќи дека за генералниот секретар го избира Владата, на предлог на премиерот.

„ Генерален секретар бира Владата на предлог на премиерот. Откако ќе се формира Владата, таа ќе донесе одлука и јавноста ќе биде соодветно информирана. Јас сум пратеник кој е целосно фокусиран на избор на новата Влада и реализација на програмските определби во корист на сите граѓани, изјавил Манчевски за Тв 21.

Досегашен генерален секретар во владата беше Драги Рашковски.

Поврзани новости