658
Сите македонски државјани кои ќе пристигнат во државата од земји кои се високо или средно ризични, ќе имаат обврска да потпишат писмена изјава дека ќе останат во самоизолација, соопшти вечерва министерот Венко Филипче.
-Се задолжува Министерсвото за здравство на секој наш државјанин кој влегува на граничните премини, а патува од високо или средно ризичните земји, да му издаде писмена наредба за спроведување на задолжителна самоизолација и истиот да потпише писмена изјава под полна материјална и кривична одговорност дека ќе изврши самоизолација, оставајќи ги своите лични генералии и адреса, рече Филипче.