499
Македонскиот армиски тим денеска учествувал во извлекувањето на петгодишниот Сулејман од под урнатините во градот Кахраманмараш во Турција.
„Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш, во попладневните часови асистираше во успешно спроведена акција за спасување на млад човечки живот од урнатините“, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана.
Како што беше објавено и од Министерството за одбрана, станува збор за 22 припадници на Баталјонот за специјални сили, но и две кучиња обучени за трагање и двајца водачи.