Граѓаните на Ново маало преку соопштение порачаа, на како што ги нарекоа, лажните борци за екологијата од „Зелен хуман град“ и „Шанса за Центар“ да не помислуваат да ја повикуваат Општина Центар за суспензија на ДУП-от кај „Холидеј Ин“.
-Ние граѓаните на Ново Маало им порачуваме на лажните борци за екологијата од „Зелен хуман град“ и „Шанса за Центар“ да не помислуваат да ја повикуваат Општина Центар за суспензија на ДУП-от кај „Холидеј Ин“.
Доста ни е од манипуланти и самопрогласени борци за екологија кои со целосно уредени животи, изградени куќи и станови се борат за паркингот на кој нема ништо друго освен распукан бетон, многу прашина и нашите распаднати куќи кои 70 години не можеме да ги поправиме.
Потсетуваме дека Министерството за транспорт и врски веќе еднаш се изјасни за инцијативата за суспензија како неоснована и порачуваме да се престане со опструкциите.
Ги повикуваме да престанат да држат непотребни прес-конференции кои не се ништо друго освен за нивна политичка промоција. „Зелен хуман град“ и „Шанса за Центар“ се во Советот на општината и како претставници на институциите тие треба да ни служат нам, а не да нè замајуваат 70 години.