442
Пијан гостин синоќа дивеел во скопска кафеана и не сакал да си замине, иако работното време веќе завршило. Тој почнал да крши чаши, но и се останато што му дошло пред раце.
-На 23.12.2018 год во 01.50 часот пријавено е дека на ул.Венјамин Манчуковски во Скопје, во угостителски објект Н.Б. го нарушил јавниот ред и мир со кршење на чаши и други предмети и агресивно се однесувал кон вработените затоа што не му било дозволено да остане во објектот по завршувањето на работното време. Против Н.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.