Ковачевски за Судски совет: Ги делам размислувањата на американскиот и холандскиот амбасадор

by fokus

Премиерот Димитар Ковачевски денеска кусо одговори на прашањата на новинарите за коментар за актуелните случувања поврзани со Судскиот совет.

-Во однос на Судскиот совет ги делам размислувањата на американскиот и холандскиот амбасадор, рече премиерот.

Амбасадоркат Агелер во лани во ноември изјави дека Судскиот совет не успеал во целост да ги исполни своите законски обврски. Во критиките кон Судскиот совет зборови не штедеше ниту холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп, кој во интервју за Радио Слободна Европа кон крајот на мај, кратко по превирањата во Судскиот совет со разрешувањето на Дамева, рече дека ова телото веќе не е легитимно.

Поврзани новости