101
Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека случајот со заплената на поголема количина пиротехнички средства во возлилото на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, е процесуиран во Обвинителството како и за секој граѓанин.
-Мојот став е таков како што е и од институциите дека се работи за регуларна проверка во која што било идентификувано лице кое што внесувало пиротехнички средства.
Целиот случај потоа е предаден на Обвинителство како и за секој друг граѓанин, рече Ковачевски на новинарско прашање во однос на наводни шпекулации дека политиката замешала прсти во случајот со Дрин Ахмети, по презентацијата во ТИРЗ на првата странска инвестиција за 2024 година.