Ковачевски кон Беса: Однесувајте се како опозиција во Собранието

by fokus

Премиерот Димитар Ковачевски апелира до пратениците на движењето Беса да се однесува како опозиција во Собранието и да ја деблокираат работата на собраниските комисии со прифаќање на распределбата на местата во комисиите согласно со владиното мнозинство.

-Упатувам апел до Собранието и до политичките партии во Собранието дека согласно со распределбата на местата во комисиите и согласно со владиното мнозинство кое што е зголемено во рамките на оваа Влада и кое што е поддржано со 64 пратеника, со оглед на тоа што една од партиите која што беше дел од владата до изборот на оваа Влада реши да оди во опозиција, треба таа партија така да се однесува. Вие не можете во четврток да бидете претпоставена власт, во четврток навечер да сфатите дека не сте власт и во петок да кажете сабајле слушајте ние погрешивме не мислевме вака, сега сакаме да бидеме власт, а да сме опозиција. Ова е порака до нив дека треба да се однесуваат согласно со стандардите на парламентарната демократија и да ја организираат работата на Собранието согласно со процедурите и согласно со распределбата на местата не само во таа комисија, туку и во сите комисии, рече премиерот Ковачевски.

Поврзани новости