Револтирани граѓани, кои денеска повеќе од еден час, чекале автобус, кој сообраќа кон општина Илинден, ни испратија неколку фотографии, од кои се гледа дека автобусите се преполни со патници.
-Повеќе од еден час чекав автобус. Кога пристигна приватна 63-ка, беше преполна, а патниците буквално се туркаа за да се качат, па затоа решив да го почекам следниот автобус, иако според распоредот во тој период требаше да стигнат четири автобуси, кон мојата дестинација. По два часа стигна 63, која беше комбинирана и како 66-ка, а исто така беше преполна. Зарем не требаше да држиме растојание, како заштита од Ковид-19? Но наместо дистанца, буквално си дишевме во врат, вели револтирана жителка на Марино.
Токму вчера, скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, ја информираше јавноста дека автобусите на ЈСП ќе продолжат да возат по саботен возен ред бидејќи немало патници.