350
Кордон од полицајци ги пречека протестантите пред Собранието, кои бидејќи не им беше дозволено да протестираат пред Владата, се упатија кон Парламентот. На насобраните граѓани им се приклучуваат и студентите и средношколците, кои предмалку протестираа пред зградата на Министерството за образование и наука.
Насобраните граѓани во моментот пред Собранието извикуваат „Убијци“, „Оставка“, „Кај ви е началникот“…