Ѓубре и отпадоци од улиците и сметот од контејнерите во Скопје нема да се собираат, бидејќи вработени во ЈП „Комунална хигиена“ протестираат.
Тие протестираат бидејќи директорката на ЈП„Комунална хигиена“ Косана Мазнева Николиќ место да им ги зголеми платите и да им овозможи подобро услови за работа таа во петокот дала откази на повеќе вработени.
Тие со денови чекаат средба со директорката, улиците и контејнерите во Скопје се затрупани со смет и ѓубре.
Директорката Мазнева-Николиќ на денешната прес-конференција рече дека група од подземјето, контролирана од политичка партија, намерно прави блокада на претпријатието и со тоа го загрозува здравјето на граѓаните.
Таа рече дека поднела пријави до Министерството за внатрешни работи и до Јавното обвинителство, бидејќи среде лето не се собира ѓубрето, а групата вработени што протестира им се заканува и на достанатите вработени да не излегуваат да чистат.
„Нема да дозволам другите вработени да бидат жртви на уцени на ова добро познато подземје. ‘Комуналан хигиена‘ не е политичка партија ниту е приватна фирма, туку јавно претпријатие и нема да дозволам ни еден политички центар да ја контролира работата. Овие лица кои ја блокираат работата не се членови на синдикатот, ниту се вработени. Тие се тука како партиска логистика која има цел да се заканува и да ја блокира работата“, изјави Мазнева Николиќ
Таа рече дека вработените се незадоволни затоа што донела одлука за сменско работење и сите вработени треба да ротираат во три смени. таа рече дека се отпуштени само оние кои ништо не работеле.
„Тоа е спротивно на праксата која била со години само одредени лица да работат во трета смена и да добиваат бенефиции. Најголем дел од нив не се појавувале на работа и не ги извршувале своите обврски. Затоа што ставив крај на таквата пракса овие лица сега организираат блокада, а имаат други работни места и бизниси“, рече Мазнева-Николиќ