807
Никола Митревски -Кољо, еден од обвините за насилството што се случи на 27 април, во Собранието, вечерва сам се пријави во истражниот затвор Скопје, дознава „Фокус“ од добро упатени извори.
Кољо неколку месеци беше во бегство, а неговото самоволно пријавување во затворот следува откако во текот на вчерашниот ден беше поднесен обвинителниот акт за случајот во Кривичниот суд.
Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера појасни дека постапката за Митревски и за останатите тројца кои се во бегство е прекината, бидејќи се недостапни за органите на прогонот.
В.В.