Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран?

by fokus

Иако денеска беше избран за шеф на најмоќното обвинителство во земјава, односно на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, обвинителот Ислам Абази е анонимен лик за јавноста.

Тој не даде ниту една изјава во јавноста поврзана со изборот, а информации за него нема ниту на веб сајтот на Вишото јавно обвинителство во Гостивар, каде што е шеф.

Сепак од неговиот анкетен лист се откриваат неколку детали за него. Поточно, дека неговите родители поседуваат куќа во Зајас, родното место на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.  На, име на родителите пријавил и еден стан во Кичево, како и уште еден на свое име. Заедно со сопругата поседуваат и два автомобили.

Не беше лесно ниту да се пронајде негова фотографија. Сепак го лоциравме на една од средбите што ја имал со поранешниот министер за правда, Бојан Маричиќ.

 

За него единствено е познато дека на чело на обвинителството во Гостивар застанал во 2018 година, а како што дознаваме, за обвинител бил избран како кадар од Академијата за судии и јавни обвинители.

Дел од обвинителите со кои разговаравме велат дека е стручен и квалитетен обвинител, а дел пак дека воопшто не го познаваат.

Абази го победи скопскиот обвинител Ермон Незири со само два гласа предност.

В.В

Поврзани новости