(ВИДЕО) Кличко во ,,Леопард 2″: Никогаш не мислев дека ќе ја возам оваа мачка

by fokus

Објавено е видео на кое Владимир Кличко, поранешен професионален боксер и брат на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го вози моќниот германски тенк „Леопард 2”.

Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи, го објави видеото на социјалните мрежи. На него се гледа како Кличко вози тенк во шумска област.

„Никогаш не мислев дека ќе ја возам оваа мачка. Година војна во Украина. Година на страдање, но и година на волја, која е посилна од кога било“, вели Кличко во видеото.

 

Поврзани новости