743
Актуелните градоначалник на Штип, Благој Бочварски, од понеделник градоначалничката фотелја ќе ја замени со министерската, во Министерството за транспорт и врски, поради што најдоцна во рок од шест месеци штипјани ќе треба да гласаат за нов градоначалник.
-Верувам дека владата заедно со Советот на Општината ќе изнајде решение кога е најдобро, но пред сè во консултации со Министерството за здравство. Дали е најдобро да се оди на избори сега октомври-ноември или во февруари затоа што рокот е в.д. градоначалник да има најмногу шест месеци и после да се оди на избори. Верувам заедно ќе ја утврдиме одлуката и после ќе се оди на избори, изјави денеска Заев.
Новата влада во која ќе биде и Бочварски утре ќе се најде на дневен ред во Собранието.