Судијката Добрила Кацарска на денешното судско рочиште за насилството што се случи на 27 април во Собранието и се закани на адвокатката Сања Алексиќ дека ќе ја казни за нејзиното однесување во судница кое го оцени како непримерно.
Поточно, откако Алексиќ му постави прашање и доби одговор од сведокот Петар Атанасов од кој очигледно не беше задоволна, судијката Кацарска ја искара за гестикулациите што според неа ги правела па и рече: “Иако тој до вас што седи е актер (мислејќи на обвинетиот Владо Јовановски) немојте вие да ми глумите!”
Потоа следеш и забелешка за однесувањето на адвокатот Еленко Миланов, кој обидувајќи се да го добие нејзиното внимание мафна со раката, а Кацарска му рече:” Немојте да ми мафтате, можете да ми мафтате кога ќе си одите, сега нема потреба ве гледам”, рече Кацарска.