Камчев од притвор и дал писмо на обвинителката Стфанова напишано од Наташа Савова

by fokus

Обвинителката Лиле Стефанова, на денешното рочиште за случајот “Рекет” откри и еден досега непознат момент за јавноста, односно за едно писмо кое тогаш и го дал осомничениот Орце Камчев, кога веќе бил во притвор.

-На 20 ноември, во просториите на СЈО ми даде еден лист на кои стоеше логото на Аџибадем Систина, а како што ми рече, да се запознаам со него. Еден дел беше на кирилица, а еден на латиница. Ми рече прочитај го тој на латиница, тој ми е напишан од Наташа Савова.

На листот пишуваше дека за него и за Сашо Мијалков, во пакет, за да излезе од притвор ќе се преземат определени мерки за кои ќе се погрижи Наташа Савова. Јас тоа и го дадов на Јанева, а таа не ми одговори ниту пак го коментиравме повторно. Во тоа време беше актуелно лица да бидат пуштени од притвор заради некакви гласања во Собранието, рече Стефанова.

Таа додаде дека со писмото Камчев сакал да и укаже дека многу луѓе се околу него, потенцирајќи дека во тој период Мијалков се уште не бил во притвор.

В.В.

Поврзани новости