Камчев: „Бомбите“ се сечени, лепени и монтирани!

by fokus

Бизнисменот Орце Камчев денеска во Кривичниот суд сведочеше за случајот „Тортура“, односно за апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година, повикан како сведок од СЈО.

Во овој случај еден од обвинетите е и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков. Мијалков и Камчев се сретнаа во ходникот на судот но не се поздравија. Не се соочија нити во судница, бидејќи Мијалков немаше прашања за него.

Камчев на прашањето на обвинителот Љубомир Лапе како се чувствува, рече одлично.

На прашањето пак дали знае што се случило на 6 јуни 2011 година и дали знае зошто е повикан, тој не откри многу детали.

-Познато ми е тоа што сите го видовме на телевизија. Одреден човек примил мито за да го менува името и морал да биде уапсен. Не сум ни обвинител, ни судија, рече Камчев.

Дали тој ден разговарал на телефон, Камчев одговори: „Стотина пати, со стотина луѓе“.

Дали пак разговарал токму за овој случај и тоа и со новинарката Оливера Трајковска, Камчев рече:

-Да со многу луѓе разговарав, како најверојатно и вие, и судијката. Не е забрането да се разговара за криминал, рече Камчев.

Тој одговори дека во СЈО му биле прзентирани „бомби”, но не ја признава автентичноста, при што истакна: „За мене разговорите не се автентични, тие може да се сечени, лепени и монтирани, рече Камчев.

В.В.

 

 

Поврзани новости