Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игог Јанушев, процедурално прв се обрати на собраниската седница за избор на новата влада. Тој реагираше дека осум од пратениците се со неверификувани мандати.
Тој за својот став се повика на членот 17 во Деловникот во кој стои дека изборот на овие пратеници се врши на првата седница по коститутивната на предлог на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања.
-На овој начин, овие осум пратеници се нелегално тука, без верифицирани мандати. Освен што сте рекетари и криминалци, покажавте и дека сте неписмени, истакна Јанушев, повикувајќи се на Деловникот.
Тој ја оспори процедурата за верификација на мандатите на новите пратеници, кои влегоа на местата на пратениците кои стануваат министри.
Претседателот Талат Џафери пак исто така го повика Јанушев да го прочита Деловникот, и му порача дека партиите се одговорни што два месеци не ги свикале работните групи.